Dark Mode Light Mode
Над 200 казни за скопјани поради сообраќајни прекршоци за еден ден
Најмалку десетмина загинати во излетувањето на косовски автобус од автопат во Хрватска
Приведени дилери во Охрид и Куманово

Најмалку десетмина загинати во излетувањето на косовски автобус од автопат во Хрватска

Најмалку десет луѓе загинаа, а 30-ина се повредени во автобуската несреќа што утрово се случи на автопатот кај Славонски Брод во Хрватска. Локалната полиција објави дека станува збор за косовски автобус, кој патувал на релацијата Франкфурт-Приштина.

„Полицијата во 6:22 часот прими дојава за излетување на автобус. На местото на несреќата беше утврдено дека станува збор за автобус со косовски регистарски таблици, кој сообраќал на редовната линија Франкфурт-Приштина. Истрагата е во тек. Повеќе лица загинаа, а 30-ина се превезени во болница“, изјави началникот на полициската станица во Славонски Брод, Фрањо Галиќ.

Тој додаде дека меѓу загинатите и повредените има и деца, а според првичните информации, во автобусот имало повеќе од 60 патници.

Реклама

„Ситуацијата е многу тешка. Голем број од повредените се во животна опасност“, додаде полицијата.

Засега не се познати причините за несреќата. „Јутарњи лист“ објави дека во автобусот имало двајца возачи, кои наводно се замениле зад воланот по запирањето во Загреб.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Над 200 казни за скопјани поради сообраќајни прекршоци за еден ден

Next Post

Приведени дилери во Охрид и Куманово

Реклама