Dark Mode Light Mode

Се празнува Преподобен Наум Охридски Чудотворец

Православните христијански верници денеска ги празнуваат големиот празник посветен на Преподобен Наум Охридски Чудотворец, најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ. Тој бил и ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски Апостоли. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествувал како учител, а потоа и како свештеник.

За животот и дејноста на свети Наум Охридски малку се знае, иако со свети Климент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Се знае дека учествувал во Моравската мисија и дека по смртта на Методиј во 885 година дошол во Македонија. Умрел во 910 година и наскоро по смртта бил прогласен за светец. Неговите ученици за него напишале житија и служба.

Свети Наум освен по црковната дејност е познат и како македонски средовековен писател и културен деец. Од неговите творби, за кои се претпоставува дека се повеќе, откриено е химнографското дело „Канон за аспотолот Андреј“, а се знае за уште други два канона напишани од него: „Канон на Архангел Михаил“, и „Канон за пренесување на моштите на Јован Златоуст“. Во житието на свети Наум се вели дека тој е брат на свети Климента. Некои истражувачи сметаат дека тоа се однесува на брат во духовна смисла – собрат, но повеќемина се убедени дека Климент и Наум навистина биле родени браќа. Не само затоа што свети Климент бил епископ, а свети Наум презвитер, а во православието епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа, туку и поради некои други показатели.

Реклама

Во споменот на народот св. Наум останал како чудотворец кој го почитуваат и припадници на други вери. Десетина години пред заминувањето од овој свет Св. Наум го основал манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот истоимен Св. Наум. Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празници, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари/23 декември, а другиот во летниот период на 3 јули/20 јуни. Именден празнуваат: Наум, Наумче, Науме, Наумка…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Драгана Спасевска: Ако не се повлече законот во септември опција ни е бојкотирање на наставата

Next Post

Од денеска во ЕУ забранета продажба на пластичен прибор за јадење, сламки, садови...

Реклама