Санкционирани се 119 возачи кои управувале со возила под дејство на алкохол, соопшто денеска МВР за за зајакнати полициски контроли во текот на вчерашниот ден.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.