Во последните 24 часа се направени 3.028 тестирање, а регистрирани се 6 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Од нив во Скопје, Битола и Кичево се по 2 лица
-Не се регистрирани починати лица ниту оздравени лица, се наведува во соопштението.
Досега во земјата се направени вкупно 887.621 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 153