училишта
Од понеделник започнува вакцинацијата на вработените во основните и средните училишта во државата, соопшто денеска Министерството за здравство.
Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура се спроведува за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година.
-Следната недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо образовните институции, информираат од МЗ.