Добро е за Бугарија да прифати нација која зборува сличен јазик и има слична култура. Можеби е спорна точка, но треба да имаме стратешки поглед на работите , изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша.
Во одговорот на новинарско прашање на БНР тој рече дека Словенија секако ја разбира позицијата на Бугарија за нејзиното вето за почеток на преговорите со Северна Македонија, бидејќи е земја-членка.
-Кога сме во едно семејство, прво доаѓа неговиот интерес, а потоа на другите, нагласи тој
Премиерот Јанша додаде дека во исто време мора ЕУ да се однесува како семејство, или во спротивно тоа е под закана.
-Ние мора да се обидеме да најдеме компромис, истакна тој.
Премиерот го опиша последниот предлог на португалското претседателство за продолжување на преговорите како добар.
Во четвртокот Словенија го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со ЕУ од Португалија.