Dark Mode Light Mode

До крајот на следната недела ќе имаме пола милион вакцинирани: Не е доволно, вели Филипче

До следниот петок во земјава ќе бидат вакцинирани околу половина милион граѓани, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој денеска рече дека се поделени сите вакцини, во согласност со бројот на пријавени граѓани и во вторник се очекува таа да заврши за сите пријавени граѓани во сите градови, освен во Скопје, Тетово и Битола.

Во овие три града пријавените ќе се вакцинираат до петок следната недела. Со тоа, според пресметките на МЗ вкупната бројка на вакцинирани граѓани ќе биде околу 500.000 илјади. Филипче сепак признава дека тоа е недоволно и повторно ги повика граѓаните да се пријават за вакцинација.

Реклама

Од следната недела се планира да се започне и со понтензивно теренско вакцинирање, што значи на лица хронично болни и помалку подвижни, а кои живеат во оддалечените места околу големите градови.

Во однос на вакцинирањето на трудниците и доилките, останува ставот дека иако нема контраиндикација за ниту една вакцина, да се даде предност на „фајзеровата“ вакцина.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Делта-сојот може да воведе тестови за влез во земјава, ќе се знае в понеделник

Next Post

Денеска бројот на заразени над 10 - еден починат

Реклама