Во последните 24 часа од направени 2.723 тестирање, регистрирани се 11 нови заразени и тоа од
Скопје – 5, Тетово – 3, Битола , Берово и Пехчево – по 1.
Пријавено е 1 починато лице од Македонски Брод (43г) во болнички услови.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.700, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 147, од кои 63 во Скопје.
Во 17 општини нема ниту еден активен случај.