Dark Mode Light Mode
Денеска бројот на заразени над 10 - еден починат
Конечно ревакцинација за оние кои се вакцинираа во странство, ама прво ќе мора да се пријават
Преку соработка до прогрес во Западен Балкан – порака од „Преспа форум дијалог“

Конечно ревакцинација за оние кои се вакцинираа во странство, ама прво ќе мора да се пријават

Од утре до 10 јули Министерството за здравство отвора веб-страница https://vakcinacija.mk/revaccination на која ќе може да се пријавуваат сите наши граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава.

Ова можност министерот Венко Филипче ја најавуваше уште кога се вакцинираа првите наши државјани во Србија. Проблемот што не се оствари ова ветување е што кај нас „Астра Зенека“, со која беа вакцинирани најголем број од овие граѓани се дава само на лица над 60 години.

И сега, од Министерството велат дека втора доза „Астра Зенека“ во земјава ќе добијат единствено граѓаните над 60 години. За сите останати граѓани после регистрацијата на сајтот, Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што ќе информираме прецизно во јавноста.

Реклама

Од Министерството истакнуваат дека со регистрацијата на граѓаните ќе се добие0 детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат.

-Страницата за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можевме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат, велат од Министерството во соопштението објавено попладнево.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Денеска бројот на заразени над 10 - еден починат

Next Post

Преку соработка до прогрес во Западен Балкан – порака од „Преспа форум дијалог“

Реклама