Dark Mode Light Mode

Вечерва се одржува поетската манифестација “Празник на липите“

Денеска е денот на доделувањето на наградата „Книжевен жезол“ во рамки на поетската манифестација „Празник на липите“. Локацијата е домот на културата „Кочо Рацин“, а времето на почеток 20:30 часот.

Организаторите, „Друштвото на писателите на Македонија“, најавија дека годинава добитници се македонскиот поет Иван Џепароски и српскиот поет Душан Стојковиќ. Присутните ќе добијат примерок од повеќејазичната збирка поезија од двајцата лауреати, специјално подготвена за оваа манифестација.

Во вториот дел од манифестацијата ќе се чита поезијата пристигната на Конкурсот за најдобра песна на „Празник на липите 2021“, по што ќе биде соопштена и победничката песна.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

По предизборен договор, предизборно се вадат и столчињата: почна реконструкцијата на Универзална

Next Post

Обвинител и началник во полиција во Албанија меѓу 38 уапсени кои биле дел од меѓународна нарко мрежа

Реклама