Крешимир Павелиќ, декан на Медицинскиот факултет во Пула, е сменет од функцијата, откако неговиот најнов антиваксерски настап беше остро критикуван во јавноста.
Павелиќ вчера беше остро критикуван во хрватските медиуми за уште еден во низата настапи против вакцинацијата.
Според хрватскиот портал „Индекс“, Павелиќ го објавил својот најнов антиваксерски памфлет на 17 јуни на тркалезна маса на партијата „Да ја промениме Хрватска“, со наслов „Корона вирус – време е за вистината“.
Сите учесници на тркалезната маса го оспориле или го довеле во прашање она што е објавено во стотици научни истражувања, и ги критикува преземените чекори од властите ширум светот – од мерките против ширењето на пандемијата до процесот за вакцинизација, пишуваат хрватските медиуми.
Вчера и хрватскиот министер за наука Радован Фукс го осуди настапот на Павелиќ.