Dark Mode Light Mode

Набрзата Американка „падна“ на марихуана, може да не оди во Токио

Американската спринтерка Шакари Ричардсон била позитивна на марихуана на американските олимписки квалификации поради што може да остане без настап на Игрите во Токио.

Дваесет и едногодишната Ричардсон победи во финалната трка на 100 метри на американските квалификации што се одржаа минатиот месец, обезбедувајќи пласман на претстојната Олимпијада во Токио. Таа во април годинава стана шестата најбрза жена во светот, откако патеката на митингот во Флорида ја истрча за 10.72 секунди.

Марихуаната е на листата забранети супстанции на Светската антидопинг агенција (WADA), а позитивен тест може да доведе до суспензија од еден месец до две години.

Реклама

Првата реакција на Ричардсон беше: „Јас сум човек“, напиша таа на Твитер.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Преку соработка до прогрес во Западен Балкан – порака од „Преспа форум дијалог“

Next Post

Рикер ја пренесе пораката на Вашингтон: Не може да се ставаат билатерални прашања на масата на ЕУ

Реклама