Dark Mode Light Mode

Извршен претрес во Тетово, приведен дилер на дрога

На 30.06.2021 околу 07.40 часот од страна на полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје Тетово лишен е од слобода Д.М.(26) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, при претрес во дом и други простории кај Д.М. во Тетово, на ул.„Ленин“, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. Д.М. бил приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Влада: Изјавата на Закаријаш е целосно спротивна на португалскиот предлог

Next Post

Од утре свадби и во затворен простор

Реклама