Од изјавата на португалската министерка дознавме дека освен Бугарија има и други држави кои не се против ветото, а второ, навикнавме премиерот Зоран Заев да не реагира на омаловажувањата за нашите идентитетски обележја, реагира денеска најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се наведува дека нема ништо од ветувањето на Заев за европска иднина.
-Македонија се брани во Брисел, а не со коленичење во Софија. Додека претседателот Христијан Мицкоски го користи секој контакт да ја промовира Македонија, Заев ја понижува. Мини Шенген на Заев не може да биде замена за европската иднина. Додека Заев е фрлен на крадењето, ВМРО-ДПМНЕ во Брисел ги брани интересите на Македонија. Заев нема план како понатаму. Заев тера ден за ден политика, од еден до друг неуспех. Време е да ставиме крај за Заев, соопшти оваа партија.