И лица од Грција кои работат против Договорот од Преспа, но и во други држави надвор од Западен Балкан ќе бидат ставени на црната листа на САД, велат од Стејт департментот, одговарајќи на прашање дали администрацијата на Бајден планира да ги прошири санкциите и кон лица од други држави, конкретно од Грција, која е потписник на Преспанскиот договор.
Наредбата на Бајден за санкции за лицата кои не го почитуваат Преспанскиот договор беше објавена на почетокот на јуни.
Во неа се наведени неколку точки меѓу кои и таа која се однесува на непочитување на договорот помеѓу Северна Македонија и Грција од 2018, како и на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, на Резолуцијата на Обединетите нации 1244 или на Меѓународниот механизам за кривични судови за поранешна Југославија.
Исто така, санкции САД најавија и за лица вмешани во корупција, односно за лица вклучени во активности или политики што ги поткопуваат демократаките процеси или институции на Западен Балкан, лица вмешани во загрозување на мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на која било област или држава во регионот …
На лицата кои ќе се најдат на црната листа ќе им се забрани влез и ќе им е замрзне имотот што го поседуваат во САД.