Директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли, на Твитер објави дека постои опасност 400.000 луѓе да умрат од глад, и дека 14.000 луѓе живеат во услови на глад, и дека за неколку месеци бројот на оние на кои им се заканува гладување може да достигне половина милион.
Според него, цели семејства преживуваат јадејќи сурови плодови од црвен кактус и лисје и скакулци.
– Не е поради војна или конфликт, туку поради климатските промени. Овој дел од светот не придонесе ништо за климатските промени, но сега најмногу страда – предупреди Бисли.
Според Програмата, 1,14 милиони луѓе во јужниот дел на Мадагаскар немаат доволно храна, вклучително и 14.000 живеат во катастрофални услови, а нивниот број ќе се удвои до октомври.