Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува и Министерството за здравство апелира граѓаните да се пријавуваат.
Ова е секојдневната реченица која се појавува во дневната информација од нашето Министерството за здравство, додекка во следната веќе стои бројката наа дневно ваакцинирани и ревакцинирани, која стагнира во изминатите недели.
Вчера на пример, прва доза вакцина примиле 5.834 граѓани, а нешто под 2.000 се ревакцинирани.
Во државата вкупно се аплицирани 473.853 дози вакцини, а ревакцинирани се 199.143 граѓани.
Со последните бројки 50 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 454.104 граѓани.
Најдобар одговор на овие информации од Министерството е сликата која денеска може да се забележи на граничниот премин Табановце, каде викендов се очекува да поминат 15.000 наши граѓани, за да се ревакцинираат во Белград, Ниш и Врање.
Изминатите неколку недели, откако Србија дозволи вакцинирање за македонски државјани без закажување, бројката на дневно ваакцинирани во Врање достигнува и до 700.
За разлика од првиот ран кога на располагањее ни беше само „Астра Зенека“,, сега може да бираме „Фајзер“ иили „Синофарм“.
Кај нас, пак и натаму ги очекуваат 500.000 дози „Синовак“, додека во меѓувреме добивме донација од Грција од 20.000 „Астра Зенека“ и секој понеделник стигнуваат мали количини „Фајзер“.