Dark Mode Light Mode

Црна Гора ги укина епидемиолошките мерки, вакцинираните и негативните имаат влез секаде

Црногорскиот совет за борба против коронавирусот одлучи од денеска да се укинат речиси сите епидемиолошки мерки во земјата, откако во земјата е регистриран најмал број нови случаи од јули лани.

Просечниот број на нови инфекции минатата недела беше 18, додека вкупниот број на активни случаи е 380.

-Четиринаесетдневната кумулативна инциденца е 53,86 и е најниска од септември 2020 година. Според овој индикатор на болеста, Црна Гора е подобра од туристичките земји Шпанија, Кипар, Грција и Турција, рече Игор Галиќ, директор на Црногорскиот институт за јавност здравје.

Реклама

Од денеска сите угостителски објекти можат да работат без работно време, додека до сега им беше дозволено да работат до полноќ.

Дозволена е и работата на ноќните клубови, но влезот е условен со негативен тест или потврда за вакцинација. Истите правила важат за казината на кои повторно им е дозволено неограничено работно време.

Прва доза вакцинира примиле 30 проценти од возрасната популација на Црна Гора, додека четвртина од возрасната популација во земјата е целосно имунизирана.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во камион на македонски возач најдени 300 кила кокаин, уапсен е во Албанија

Next Post

Конечно на ред дојде руинираното шеталиште „Кај Жабарот“

Реклама