Dark Mode Light Mode

Случај ЕУ против „Астра Зенека“: Никој не признава пораз

Првостепениот суд во Брисел денеска одлучи дека фармацевтската компанија „Астра Зенека“ има рок до 27 септември да ги испорача ветените дози вакцини до земјите-членки на ЕУ.

Станува збор за 50 милиони дози, од кои 15 милиони „Астра Зенека“ мора да ги испорача до 26 јули во девет часот наутро, 20 милиони дози до 23 август и последните 15 милиони дози до 27 септември.

Доколку фирмата не ги достави дозите на време ќе треба да плати по десет евра по неиспорачана доза, одлучи бриселскиот суд.

Реклама

Судот оцени дека „Астра Зенека“ направила „сериозна грешка“ со прекршувањето на договорот склучен со ЕУ и дека фирмата требала да ги вложи сите можни напори за да испочитува својот дел.

„Оваа одлука го потврдува ставот на Комисијата: Астра Зенека не ги исполни своите ветувања од договорот, добро е да се види дека независен судија го потврдува ова“, изјави преседателкат на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

И од фармацевтската компанија која ја произведува вакцината потврдија дека Судот донел одлука испораката на вакцините да биде до 27 септември. Но, она што се разликува е дека команијата тврди дека со ваквата одлука ЕУ го загубила правниот спор.

Во соопштението на компанијата се наведува дека Европската комисија побарала од „Астра Зенека“ да испорача 120 милиони дози вакцини до крајот на јуни 2021 година, но судот во Брисел наложил испорака на 80,2 милиони дози до 27 септември 2021 година.

Со тоа, како што е соопштено, е одбиено барањето на ЕУ за испорака на дополнително количество вакцини до крајот на овој месец.

Британско-шведската компанија претходно се обврза со договор дека ќе направи се што може до крајот на јуни да испорача 300 милиони дози за земјите од ЕУ, но проблемите со производството доведоа до тоа компанијата да ја намали својата цел на 100 милиони вакцини.

Намалувањето на испораката го одложи процесот на вакцинирање во Унијата во првиот квартал од годинава, бидејќи европскиот блок тогаш сметаше на Астра Зенека како на најголем снабдувач со вакцини.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

По неколкудневно затишје, денеска двајца починати од ковид - нови 19 се заразени

Next Post

АМСМ: На Табановце се чека 40 минути за излез од државата

Реклама