Dark Mode Light Mode

Во Сараево снема вакцини, вакцинацијата е прекината

Од денеска во Сараево е запрена вакцинацијата против коронавирус поради недостаток на вакцини, соопшти Министерството за здравство на Сараевскиот кантон.

Во соопштението се наведува дека сите преостанати дози се потрошени и дека имунизацијата во спортската сала „Зетра“ ќе биде запрена до следната достава на вакцините.

Во „Зетра“ од вчера се вакцинираат пациенти од онкологија, како и ревакцинација на претходно вакцинирани лица, за што се потрошени 900 дози.

Реклама

БиХ како и Македонија се соочува со недостаток на вакцини поради што и бројката на дневно вакцинирани секојдневно опажа, во очекување на ветените вакцини од ЕУ и преку механизмот Ковакс.

Она што ја спасува ситуацијата е што Србија, која располага со голем број дози, дозволи граѓаните и на БиХ и на Македонија да се вакцинираат без закажување.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

УХМР предупредува: Попладнево пороен дожд

Next Post

АМСМ: На Стража превртено товарно возило, на Табановце се чека 45 минути

Реклама