Dark Mode Light Mode

Од 1 јули: Мобилен, СМС и интернет по локални цени низ Западен Балкан

Од 1 јули се укинува роамингот во регионот на Западен Балкан, што се смета за голема придобивка за корисниците, бидејќи нема да има скриени трошоци или ситуации во кои корисникот треба да активира нешто.

Од 1 јули, корисникот ќе може да го користи сообраќајот што му е достапен во рамките на пакетот на територијата на целиот Западен Балкан.

Всушност, веќе не станува збор за роаминг пакети и за некои посебни поволни претплати, туку цените што важат за секој корисник на домашни сообраќајни услуги, ќе важат во мрежата на кој било оператор на Западен Балкан .

Реклама

Единствените ограничувања во потрошувачката се можни во однос на тарифниот пакет, и за тоа дали се работи за припејд или за постпејд корисници.

Она што се планира е да се оневозможи злоупотреба – на пример некој да купи картичка во една земја, а потоа да ја користи во неговата земја како да е локална.

Укинувањето на роамингот од 1 јули во Западен Балкан е крај на процесот што траеше две години и во кој постепено се намалуваше цената на роаминг услугите.

Последната фаза значи укинување на роамингот, така што сите корисници ќе можат да прават во повици, да користат интернет и СМС-пораки во околните земји, како и во домашниот сообраќај.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Договори востановени заради корупциски менталитет

Next Post

Додека линданот се чисти од „Охис“, на ПМФ ќе се мери загаденоста на воздухот

Реклама