Dark Mode Light Mode

Додека линданот се чисти од „Охис“, на ПМФ ќе се мери загаденоста на воздухот

Во Лабораторијата за хроматографска анализа на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет денеска беше презентирана нова опрема за мерење на загаденоста на воздухот и почвата за време на процесот на чистење на останатиот линдан и неговите изомери во фабриката „Охис“.

Опремата е донација од Норвешка во рамки на проектот Нордик прогрес.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во април го потпишa Решението за одобрување на Планот за ремедијација на локалитетот на ОХИС АД Скопје, со што ќе можат да започнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија.

Реклама

Во постапка е издавање на две дозволи за извоз на овој опасен отпад, согласно Базелска Конвенција: за во Франција каде ќе се извезе линданот и за во Холандија каде ќе се извезе контаминираната земја под линданот.

Процесот на отстранување на дел од малата депонија треба да заврши до почетокот на наредната годината доколку дозволат условите со пандемијата, при што би се отстраниле првите количини (~ 700 тони) на почва контаминирана со HCH и чист HCH – отпад.

Илјадници тони токсичен отпад се депонирани во дворот на ОХИС, остаток од производството на пестицидот Линдан, кој се правел во фабриката. Меѓу токсичните супстанци, има и значителни остатоци линдан, кој од 2009-та е забранет за производство. Речиси една деценија подоцна, Македонија се уште бара начин како најбезболно да ја затвори оваа отворена рана.

Линданот е пестицид, кој порано се користел во земјоделството. Белиот прашок служел како инсектицид, а со неговото одвојување од другите соединенија се создала огромна количина токсичен отпад кој се депонирал  на отворено.

Иако затрупани, смртоносните супстанции во ОХИС се сметаат за најжешка еколошка точка во Македонија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од 1 јули: Мобилен, СМС и интернет по локални цени низ Западен Балкан

Next Post

Дваесет лица ноќеска казнети за кршење на полицискиот час - најверојатно се и последните

Реклама