Dark Mode Light Mode

Богдановиќ почесто да го гледаме на велосипед низ градот

Ќе стане ли Скопје вистинско место за љубителите на велосипеди? Многумина скопјани си го поставуваат ова прашање и очекуваат дека градските татковци ќе работат на тоа – во Скопје да има услови за побезбедно и непречено возење точак по инаку хаотичниот скопски сообраќај.

Предизвик велосипедот да биде поприсутен во главниот град на Македонија го има и градоначалник на скопската општина Центар. Тој денеска и на Фејсбук објависвоја фотографија со велосипед. Давал пример – како треба.

-Здраво е, може да се ужива во градскиот пејсаж, лесно се стасува до секоја цел, возењето велосипед е нов начин на живот за да Центар биде позелен…, напишал тој.

Реклама

Богдановиќ воедно информира дека на денешната седница на Советот на општина Центар ќе биде објавен и јавен повик за субвенции на велосипеди за проектот „ЦелЦентарНаТочак“, а и натаму ќе се работи на нови велосипедски патеки…

Убаво. Адекватен пример за однесување на градоначалник. Но, би сакале вакви глетки да станат секодневие. Односно, Богдановиќ, но и сите други градоначалниците многу почесто да ги гледаме на велосипеди по улиците, заедно со другите вљубеници во нив. Нивното користење да им стане секојдевие во кое градоначалниците лично ќе се уверат каква е состојбата со велосипедската инфраструктура која уште треба да се гради, но и каква им е состојбата со хигиената, со дупките на улиците….

Вакво појавување на велосипед да не заврши како што беше она со сликањето на неколкумина градоначалници по градските автобуси, демек ќе корисат градски сообраќај, а всушност од тие фотографии останаа само спомени дека влегле во автобус.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Конески на 11 јазици“: Препеви и текстови на великанот објавени во најновиот зборник

Next Post

Бугарија ќе ни донира вакцини „Астра Зенека“ - ќе има ли кој да ги прими?

Реклама