Dark Mode Light Mode

Падна договор: Моловите во неделите ќе работат една смена, за вработените двојно повисока дневница

На работодавачите кои нема да исплатат најмалку двојно повисока дневница на вработените кои ќе работат во недела ќе им биде затворен дуќанот 15 дена. Доколку ја повторат грешката санкцијата ќе биде пломбирање од 30 дена и плус парична казна. Ова се дел од казненините мерки кои ги договорија Синдикатот (ССМ) и Министерството за труд во контекст на новиот Закон за работни односи, во делот на недела неработен ден, на кој уште се работи.

Сите што ќе работат во недела во моловите ќе работат една смена, од 10 до 18 часот. Задолжително да обезбедат дневница 100 проценти поголема, задолжително да обезбедат слободен ден за тие што се ангажирани во таа смена, и за сите дополнителна обврска кои пријавиле дека ќе работат во недела, два проценти од нивниот неделен промет да биде уплатен во централниот буџет.

Според предлог законот во недела освен трговските центри, на работа ќе одат и вработените на  бензинските станици, трговците поединци, специјализираните продавници и занаетчиските дуќани, кои се наоѓаат во туристичките места. Но и сите останати сектори каде не е возможно да престане производството, како и вработените во здравството, полицијата и противпожарните служби. Синдикатот очекува законот да стапи на сила најдоцна до крајот на годинава.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Општина Центар со парична помош за семејството на Јасмина чии донирани органи спасија три животи

Next Post

Сончево и стабилно до утре, од недела дожд и грмежи

Реклама