Dark Mode Light Mode

По свадбите, се враќаат и концертите – ќе се знае за две недели

Доколку продолжат овие бројки на заболени од Ковид-19, по 15 јуни може да се очекува дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки.

Тоа прво ќе значи укинување на полицискиот час, а потоа и организрање на настани и концерти.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде 15 јуни, а до тогаш ќе се работи со организаторите на разни настани, концерти, за тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци, за да се донесат соодветните протоколи.

Реклама

Последните подолеми олабавувања беа во однос на неносење маски на отворено, дозвоата за организирање свадби и веселби и укинување на забраната за собири.

Изминатиот период забележителен е падот на новозаразените и делумно на починатите, иако и натаму неразбирливо е како таа бројка никако да падне под шест. Засега нема објаснување од никого од здравствените власти на што се должи и натаму големиот број на починати.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Богоев побара да се решат трките со мотори по „Партизанска“, Спасовски му донесе два полициски мопеди

Next Post

Вакцини само во најава, со ковид-пасошите летово ќе можеме само да се сликаме

Реклама