Шеесет и четиригодишниот градежен работник Д.В.(64) од Скопје со тешки телесни повреди вчера попладне бил донесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Настанот денеска го потрвди и МВР.
-Полициски службеници излегле на местото и извршиле разговор со Д.В., кој изјавил дека околу 15.00 часот, додека извршувал работни задачи на објект во изградба на подрачје на Центар, се лизнал и паднал од висина, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен трудов инспектор.
Не е првпат во полицискиот билтен да се сретнат вакви вести, за повреди, а понекогаш и смртни случаи на работници кои работат на скелиња. Прашањето е дали компаниите во битката за профит, „штедат“ на заштитни мерки за работниците, и дали инспекторите кои треба да се грижат за спроведување на законите не си ја вршат работата.