Dark Mode Light Mode

Музичарите протестираат, зошто може свирка на свадби, но не и во кафулиња?

И овие последни мерки, односно одлуки на Владата за намалување на ограничувањата не наидоа на поддршка од страна на граѓаните – пред се од оние на кои рестрикциите најдиректно се однесуваат, музичарите. Ним им е нејасно зошто можат да свират на свадби, со јасно нагласени протоколи, но не можат на крштевки, родендени или други прослави.

Револтирани од ваквата ситуација, музичарите утре излегуваат на протест. Прашуваат зошто ако можеме на свадби, со истите правила за доближување и здравствени протоколи не работиме и секоја друга вечер, без разлика дали има повод или не? Предупредуваат дека новите мерки ќе создадат хаос и ќе резултираат со лажно организирање свадби во угостителските објекти.

Од Здружението „Музика сега“ велат дека засегнати се над 1.000 музичари кои се оставени без работа веќе 15 месеци. Немаат никакви приходи и бараат итно да им се дозволи да настапуваат. Тие уште лани предложија протокол за мали настани, со цел да им се дозволи да работат, но за сега без резултат.

Реклама

– И покрај сите наши напори, не успеавме да ја рабереме логиката на последната официјална објава по одлуката на Владата за олабавување на мерките. Зошто свадбите и музичарите кои настапуваат по свадби би биле привилегирани сега во однос на другите? Каде се протоколите за мали настани (кафулиња, ресторани, ноќни клубови, барови, кафеани и други угостителски објекти) кои ви ги предадовме изминатото лето? До кога ќе трае оваа дискриминација, бидејќи за тоа се работи, ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА?!

Со оваа последна одлука од Комисијата за заштита од заразни болести овие половични мерки ќе се создаде хаос во работењето во новото секојдневие и неминовно ќе резултира со секојдневно лажно организирање свадби и прослави во сите угостителски објекти, се вели во соопштението на Здружението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево со мала облачност, температурата до 25 степени

Next Post

„Конески на 11 јазици“: Препеви и текстови на великанот објавени во најновиот зборник

Реклама