Можно е олеснување на мерките против ковид-19 од следната седмица.
Заменик-министерот за здравство Илир Хасани најави дека Комисија за заразни болести утре ќе дискутира за олеснување на мерките, имајќи ги предвид бројките, кои укажуваат на многу брзо стивнување на епидемијата.
Не би сакал да шпекулирам, кои мерки конкретно. Меѓутоа сите мерки, кои се преземени, ќе подлегнат на уште една ревизија. Ние како Министерство за здравство и како Влада, едвај чекаме да ги повелечме мерките, но без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани, изјави Хасани.
Тој потврди дека прва тема за дискусија на Комисијата за заразни болести ќе биде носењето маски на отворено. Хасани вели дека, како и други граѓани, носењето маска на отворено го чувствува како товар.
Тој е и за целосно укинување на полицискиот час, но вели, за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести.