Вкупно 10.395 барања за купување влезници за натпреварите на македонската репрезентација на европското првенство пристигнале на адреса на ФФМ, но поради ограничената квота добиена од УЕФА, како и одлуката приоритет да имаат здравствените работници, најголем дел од нив ќе останат без билети.
ФФМ денеска соопшти дека помалку од десет проценти од лицата што аплицирале до Федерацијата по електронски пат, ќе добијат билети за Европското првенство.
ФФМ преку Одделот за безбедност и интегритет оствари блиска комуникација со сите навивачки групи во државата кои изразија интерес да ја бодрат репрезентацијата на ЕП и согласно нивните барања и бројот на билети што можеше да биде ставен на располагање, ФФМ обезбеди можност 200 навивачи организирано да патуваат во Романија,соопштија од Федерацијата.
За време на патувањето, престојот и присуството на натпреварите во Букурешт, навивачите ќе бидат придружувани исклучиво од лица од Одделот за безбедност и интегритет на ФФМ, Комисијата за безбедност при ФФМ и делегирани претставници од Министерството за внатрешни работи на Македонија.