Dark Mode Light Mode

Властите држат лекции за воздухот, а скопјани се среќни само ако дувне ветер

Општината Карпош во соработка со невладина организација спровеле истражување за загаденоста на воздухот во затворените простории во училиштата. На ова се одлучиле бидејќи за цело време фокусот на вниманието е загадениот воздух, но надвор, на отворено. Во рамките на проектот биле организирани и предавања за подигнување на јавната свест кај учениците за тоа што значи да се седи во затворен простор при загаден воздух.

Добро е што се мисли за здравјето, особено на децата. И добро уште од мали нозе децата да научат како се заштитува околината. Ама проблемот е кај татковците, не е кај учениците, особено кај градските татковци кои пари трошат главно за вакви и слични проекти. Народот вели, а и очекува, дела, а не само зборови.

Добро е што Опшштината Карпош мерела колку се загадени и загрозени училниците, а што кога ќе излезат во школскиот двор? Е дури таму е вистинската закана за здравјето. Па, уште и трчаат, вежбаат… а надлежните од што мораат го мерат нивото на ПМ2 и ПМ10 честички. Граѓаните исто така си купија мерачи и добро знаат каков е квалитетот на воздухот, но имаат право да знаат и кој загадува и колку. А, имаат и уставно право на чист воздух.

Реклама

На јавноста и е доста од мерење, таа очекува акција и санкции, зашто скопјани се среќни само ако дувне ветер оти само тој остана нивен сојузник.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Комисијата го затвори случајот со дебарската родилка која остана без три органи - немало неправилности и пропусти

Next Post

Најновото ЦД на Симон Трчески за „Сандеј Тајмс“ е „вонсериско издание“

Реклама