Во текот на вчерашниот ден во земјава се вакцинирале 11.598 граѓани, од кои само 2.504 примиле прва доза, додека останатите се ревакцинирале.
Со ова бројот на вкупно вакцинирани граѓани се искачи на 231.014, од кои 59.815 се вакцинирале и со втора доза.
Со последните бројки, 47% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 41% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопштија од Министерството за здравство.
Оттаму констатираат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува и досега бројот на граѓани што се пријавиле на веб-платформата vakcinacija.mk изнесува 427.535.