Во последните 24 часа се направени 2.955 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на ковид-19 и 18 починати лица.
Од починатите, 8 лица се од Скопје (63г,67г,69г,72г,72г,77г,80г,88г), 3 лица од Тетово (75г,76г,78г), 2 лица од Битола (84г,88г) и по едно лица од Прилеп (68г) Кавадарци (79г), Кочани (74г), Радовиш (80г) и Дебар (55г).
Од пријавените, 7 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.
Најмногу од новите заразени се од Скопје – 27, Куманово – 5, Прилеп – 4, Гостивар – 3, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 2, Струмица, Гевгелија и Виница – по 1.
Регистриран е 81 оздравен пациент.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.217, бројката на оздравени пациенти е 147.381, на починати е 5.387, а бројот на активни случаи изнесува 2.449од кои 983 од Скопје.