Dark Mode Light Mode

Во скопските ковид – центри се лекуваат 702 лица

Вкупно 702 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град на Македонија, а голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во соопштението се наведува дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 95 слободни места.

-Во изминатите 24 часа  во други ковид центри во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 961 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1663 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите, информира Министерството.

Реклама

Во Битола се хоспитализирани 151 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент. На  инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 90 болни, а во Куманово 94 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 116 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 90 пациенти, во Кочани 27 во Кичево 25, Кавадарци 55, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 141 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 12 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Скопје нови 48 хоспитализирани со ковид, во цела држава вкупно во болница се 1.663 лица

Next Post

Штедачите од „Еуростандард“ ја обвинуваат Антикорупциска за притисок врз уставен судија

Реклама