Dark Mode Light Mode

Штедачите од „Еуростандард“ ја обвинуваат Антикорупциска за притисок врз уставен судија

Здружението „Правда за штедачи“ во кое се оштетени физички и правни лица на „Еуростандард банка“ денеска поднесе барање за неотповиклива оставка на претседателката и членовите на Антикорупциската комисија, бидејќи, според нив, ги пречекориле на надлежностите и овластувањата со недозволен и неовластен притисок врз уставен судија со изнесување на јавно предупредување.

Правниот застапник на Здружението, адвокатот Љупчо Кузмановски, по предавањето на барањето до ДКСК, изјави дека Комисијата „без никаква потреба и без основа се вмешала во постапката пред Уставниот суд за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки“, поради што нивниот проблем уште не е решен.

Уставниот суд на седницата на 15 април уште еднаш не донесе одлука по иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, со кој на Фондот за осигурување на депозити му се дава предимство при наплата на побарувањата во стечајната постапка во однос на сите други доверители. Овојпат, дилемата била дали судијата Дарко Костадиновски имал судир на интереси затоа што бил во кумовски односи со Коста Костовски, синот на Трифун Костовски, кој беше сопственик и главен акционер во „Еуростандард банка“. Во врска со ова прашање, Уставниот суд решил да се обрати до ДКСК, која треба да се произнесе дали постои судир на интереси кај судиите на Уставниот суд.

Реклама

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на штедачите кои беа собрани пред просториите на Комисијата денеска им кажа дека тие донеле одлука – дека удијата може да може да присуствува и да одлучува, и тоа мислење ќе го испратат до судот денесека.

Фондот се уште нема обесштетено 24 милиони евра на 780 физички и 12 милиони евра на 2.000 правни лица. Штедачите го оспоруваат, според нив, спорниот член од Законот за банки кој вика дека Фондот има приоритет во стечајната маса и може да ги земе неговите побарувања пред другите штедачи и правни лица во банката.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во скопските ковид – центри се лекуваат 702 лица

Next Post

Од утре нов бран протести - на улица излегуваат угостителите и туристичките работници

Реклама