Убедливо голем дел од македонските граѓани не веруваат дека пописот на населението ќе се спроведе со соодветен квалитет, покажала анкетата која за Македонски центар за меѓународна соработка за спровела агенцијата М-Проспект. Истражувањето било споведено во период од 14 до 24 март 2021 година на репрезентативен примерок од 1.003 испитаници при што 60,8 проценти од граѓаните се изјасниле дека „не веруваат“ во соодветен квалитет на пописот. Уште поголема недоверба се искажала од испитаниците кои се декларирале како етнички Македонци и од кои дури 69,5 проценти одговориле дека „не веруваат“.
Високата недоверба на граѓаните се изразила токму во периодот кога меѓу власта и опозицијата имаше најголеми конфронтации околу спроведувањето на пописот. Периодот на спроведувањето на анкетата се совпаѓа со категиоричните ставови на партиите од владина коалиција дека пописот мора да се одржи по секоја цена во перидодот од 1 до 20 април годинава. Власта ги отфрлаше барањата на опозицијата за одложувањето на пописот поради опасноста од дополнително ширење на пандемијата на корона вирусот и поради разликите во методологијата на спроведувањето на пребројувањето на населението.
Опозицијата бараше и дијаспора само да се евидентира, но не и да се попишува како резидентно население. Освен ова, дел од партиите – Левица и Единствена Македонија – најавија дека ќе го бојкотираат пописот на населението.
Поради сите овие меѓупартиски конфронтаци и одѕивот на граѓаните кои живеаат во странство не беше доволен а што, според изјавите на првиот човек на ДЗС, беше резултат на тивкиот бојкот. По сето ова, лидерите на СДСМ и на ВМРо-ДПМНЕ Зоран Заев и Христија Мицкоски на 29 март постигнаа договор за одложување на пописот во периодот од 5-ти до 30-те септември.
Сега останува да се види дали разнишаната доверба која граѓаните ја имаа во априлскиот попис ќе се стабилизира за есенското пребројување. Но, и тоа ќе биде прашање со оглед на тоа дека се уште не се надминати сите разлики во однос на методологијата кои постојат меѓу власта и опозицијата.
Инаку, анкетата на МЦМС покажала дека мнозинството граѓани – 56,6 отсто – немаат доверба во Владата. Меѓу оние 42 проценти кои што веруваат во капацитетите на Владиниит кабинет побројни се етничиките Албанци со 61,8 отсто.
Дири три четвртини од испитаниците сметаат дека Македонија е во политичка криза.
Анкетата покажува и дека за повеќе од половина од граѓаните на Македонија, односите со Бугарија се развиваат во негативен правец (53,6 отсто).