Вкупно 1.663 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум примени пациенти и еден пациент бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен исто така еден нов болен, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени шест пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.
Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекува вкупно 961 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот.