Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе кривични за гласањето на двајцата пратеници со ковид

ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре ќе поднесе кривични пријави затоа што вчера двајца пратеници позитивни на коронавирус, дојдоа во скафандери во Собранието за да обезбедат кворум за 32-та седница.

-Присуството на двајца позитивни пратеници, спротивно на сите законски норми по никоја цена не беше оправдано, а секој обид за нивно воздигнување во т.н. статус на херој е срамен и безобразен чин во очите на вистинските херои на оваа пандемија, рече координаторот на пратеничката група Никола Мицевски на прес-конференцијата во Собранието.

Тој ги повтори ставовите на неговата партија дека вчера се случил театар за задоволување на личните желби на поединци, за да се одржи 32. седница, иако како што рече тие цела недела најавуваа дека ќе дадат поддршка на петтиот сет економски мерки.

Реклама

Вчера, според него се прекршија членовите 205 и 206 од Кривичниот законик. Бидејќи никој не е над законите, вклучително и Претседателот на Собранието и пратениците, одговорност мора да има. Затоа, во текот на утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Собранискиот спикер, Талат Џафери, бил приморан да се потпре на дополнетиот протокол со кој се овозможило вчера двајцата пратениците да дојдат во скафандери во парламентот. Ова го објасни самиот тој на денешната прес-конференција, посочувајќи дека немал друг избор во услови кога опозицијата блокира и нема кворум, а има заболени пратеници од мнозинството и не може да работи Собранието.

Џафери рече и дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ била известена и знаела за посебниот протокол под кој заболени пратеници може да дојдат во Собранието и да присуствуваат на седница, како одговор на реакциите во јавноста.

 

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Малку новозаразени од мал број тестирани, но починаа 35 лица

Next Post

Над 60 проценти од населението не верува дека пописот ќе се спроведе со соодветен квалитет, ќе се стекне ли доверба до септември?

Реклама