Dark Mode Light Mode

Зошто во Македонија не се направи посериозна анализа за високата смртност од ковид 19?

Последните три дена се забележува намалување на бројот на новозаразени од ковид 19 на дневно ниво. Оваа ситуација според министерот за здравство Венко Филипче е позитивен сигнал, а се очекуваат и новите вакцини на Фајзер и кинеските така што немало да има застој во имунизацијата, вели тој.

Но, сепак дали е се така оптимистично како што тој најавува? Имено, ако застој нема во вакцинирањето како што тврди Филипче, зошто деновиве речиси е преполовен бројот на вакцинирања на дневно ниво, од околу 2500 на нешто повеќе од 1000? Дали свесно се одолговлекува процесот за да не се појави дупка во вакцинирањето додека дојдат новите дози?

Вториот момент се однесува на високата бројка на смртност. Не само што не стивнува тој црн рекорд што, за жал, Македонија го држи, туку и од здравствените власти не се објаснува поподробно ниту пак се прави посериозна анализа: зошто бројот е толку висок, што се прави тоа да се спречи, но и зошто старосната граница се спушта и понатаму?

Реклама

Недоволно е смирувачка веста што бројот на новозаразени паѓа ако при тоа  смртноста не се намалува, а вакцинацијата не се зголемува. Министерот има многу работа пред себе…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

МВР: Лица со двојни матични броеви има од 1981 година - во тек е корекција

Next Post

18 април, Меѓународен ден на спомениците и локалитетите

Реклама