Функционерите ќе имаат ограничени средства што можат да ги потрошат за работен ручек. Ваква одлука денеска усвоила Владата.
Според неа, трошоците за работен ручек или вечера се ограничуваат по лице, а износот зависи од функцијата на оној кој го организира – премиерот, замениците, министрите, замениците министри, генералниот секретар на Владата, неговиот заменик, државни секретари, сите директори на институции, како и лицата избрани и именувани од Владата кои раководат со правните лица основани од државата.
Сметката заедно со цел извештај за целта на работниот состанок, бројот на присутни лица, време, место и датум кога истиот се одржал ќе се доставува до Секторот за финансии и без овие документи нема да биде одобрен.
АКо го пречекорат лимитот, ќе си платат од џеб. Се што потрошиле ќе мора и да го објават јавно на вебстраните на институциите.