Dark Mode Light Mode
Бројот на заразени не паѓа под 1.100 - има и 27 починати
Пинг-понг со водоводот во Сопиште: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тој е стопиран од Владата, а не од локалната власт
Владините функционери со лимит колку може да потрошат на службен ручек

Пинг-понг со водоводот во Сопиште: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тој е стопиран од Владата, а не од локалната власт

СДСМ без срам и перде своите пропусти и неодговoрно работење се обидува да ги префрли на други, реагираа денеска од опозициската партија, на обвинувањата од СДСМ претходно дека тоа што жителите на Сопиште се уште немаат современ водовод е вина на градоначалникот од оваа општина кој е од опзицијата кој не ја доставува потребната документација за да почне изградбата.

-Проектот „Водовод Патишка Река“ е стопиран токму од страна на владата на СДСМ. Целокупната документација и средства се обезбедени уште во 2015 година од страна на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но за жал неговата реализација е прекината во октомври 2019-та година од страна на Владата на СДСМ, бидејќи средствата беа укинати со ребаланс на Буџетот. Од тогаш до сега владата на Заев и СДСМ не ги вратија овие средства заради што проектот не е финализиран, а тоа веројатно го прават од партиски и политички причини, одговрја од ВМРО- ДПМНЕ на денешните обвинувања и велат дека СДСМ со префрлање на вината на друг или пак со крадење туѓи проекти и припишување како свои сака да ја скрие својата неодговорност.

И додека партиите меѓусебно си играат пинг-понг со одговорноста, особено во пресрет на локалните избори, кога се очекува засилени обвинувања за нерешавање на клучни прашања од секојдневното живеење, жителите на оваа растечка населба во непосредна близина на Скопје и натаму ќе водат секојдневна битка за обезбедување на чиста вода за пиење. И тоа во 21 век во земја која претендира да биде членка на ЕУ.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бројот на заразени не паѓа под 1.100 - има и 27 починати

Next Post

Владините функционери со лимит колку може да потрошат на службен ручек

Реклама