Dark Mode Light Mode

Откривање или саботажа: ВМРО-ДПМНЕ и МВР со различни ставови за аферата со пасошите

Десетина полициски службеници се уапсени денеска во полициска акција под сомнение дека се дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи, брифираат извори во МВР.

Се работи за голема меѓународна акција на македонската полиција во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол, за која повеќе од една година се водела истрага.

Акцијата е всушност поврзана со она што вчера ВМРО-ДПМНЕ го објави како соопштение од брифинг, а денеска за тоа на прес конференција зборуваше и лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Од опозицијата аферата ја нарекоа „Мафија“ и обвинија дека власта стои зад издавањето македонски пасоши и документи на балкански нарко – босови со лажен идентитет.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ ги објавија имињата на двајца – водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер, кои добиле лажни идентитети како Ѓорѓи Андонов и Џадин Амедовски.

Според документите на кои се повика Мицкоски, Седат Пекер е од Турција, кој бил протеран од Македонија, се појавил во полициската станица во Драчево и се сликал за личен документ под иметот Џадин Адемовски, како бизнисмен.

-Вукотиќ пред белградскиот суд сам признава дека добил пасош со легален идентитет. Истиот е уапсен во Турција и депортиран во Србија, каде има осудителна пресуда поради поседување фалсификувана патна исправа. Тој кажал дека дошол во Македонија, дал отпечаток, дека на патната исправа е со негова слика, но името не е негово туку на Ѓорѓи Андонов. Вториот е Седат Пекер на име Џадин Адемовски, кој доколку се провери фигурира и во Избирачкиот список, има право на глас. Може да се претпостави дека ова лице и гласало на некои избори, рече денеска Мицкоски.

Од МВР пак, велат дека со брифингот вчера партијата сакала да ја саботира акцијата.

За Мицкоски пак, токму вчерашниот брифинг ја поттикнал денешната полициската акција.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Конфекциите во земјава без нарачки, работниците на колективен одмор

Next Post

Претставник на ЕМА потврди поврзаност на „Астра зенека“ и тромбозата

Реклама