Dark Mode Light Mode

Пендаровски по втор пат се разочара, ќе има трето или ќе преземе нешто?

Армијата не добила никакво барање за помош во спасувачката акција на завеаниот овчар во кратовските планински предели. Доколку такво барање дошло до неа, преку ноќ би било одобрено, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски. Тој одговори на новинарско прашање врзано за случајот во кој медицински лица залудно барале помош од институциите да префрлат болен човек од планинско село во кратовско до здравствена институција. Откако никој не им помогнал, тие на носила пет часа го носеле пациентот за да му биде укажана лекарска помош.

Армијата би помогнала, како што тоа го направила многупати досега бидејќи има на располагање и армиски хеликопетри, но и стручни единици. Таквото барање не е проследено воопшто до Армијата. Јас се зачудив кога го видов целиот извештај. Тоа е една поразителна и трагична приказна за сите нас како држава. Не сакам да употребувам повторно квалификаци за државата, но, се обратиле до Центарот за управување со кризи до општинскиот штаб и општината. Армијата многупати го прави тоа бидејќи има на располагање армиски хеликоптери кои да не кажувам во какви не ситуациии и во некои кои се помалку познати на јавноста има помагано, но такво барање не е дојдено воопшто, рече Пендаровски.

Инаку, Претседателот и пред неколку дена беше разочаран од институциите. Тогаш повод му беше масовното заминување на македонските граѓани во Србија да се вакцинираат.

Реклама

-Благодарност до Србија, но тоа беше срам за нашата држава. Такви слики едноставно не може да се повторат, рече Претседателот.

Да се надеваме дeка тој како прв човек на Македонија ќе направи се за да не биде по трет пат разочаран од држаните инстутуции.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Романија со најсилниот состав против Македонија во баражот за СП

Next Post

Владата пресече: Од утре до 20 април строги рестрикции во цела држава

Реклама