Женската ракометна репрезентација на Романија во најдобар состав ќе и се спротистави на женската македонска селекција во бараж двомечот за пласман на Мундијалот во Шпанија.
Селекторот на романките, Адриан Василе, го објави поширокиот список од 20 ракометарки главно оние на кои и сметаше на последниот олимписки квалификациски турнир. Романија на двомечот со Македонија ќе биде предводена од Кристина Неагу, Крина Пинтеа, Кристина Ласло, Јулија Думанска. Василе ќе треба да одбере само 16 ракометарки.
Првиот натпревар од баражот се игра во Букурешт на 17 април од 17:00 часот, додека реваншот е на 21 април во Скопје од 17:45 часот.