Владата допрва ќе ја разгледува идејата, да се ослободат српските државјани од плаќање патарини во летниот период кога ќе транзитираат кон Грција, Бугарија или Албанија во знак на благодарност за солидарноста на нивната држава кон нас во однос на вакцините и вакцинацијата на наши државјани.
Според премиерот Зоран Заев, 20 евра е трошкот за патарините, по 35.000 граѓани се 700.000 евра. Но, проценките за вкупниот број граѓани кои ќе транзитираат треба да се види преку споредба лани кога имаше ковид и годините кога немало.
Како можна варијанта е винетка за возило со српска табличка, со српски пасош на возачот, при што на последната лента на патарината ќе има слободен влез кој го отчитува системот.
Заев потврди дека засега не се размислува за дополнителни мерки кои би опфатиле затворање на границите, бидејќи заразата се шири дома, а тоа, според него ќе се реши со затворање на угостителските објекти.