Dark Mode Light Mode
Смее ли Градот и ЈСП „Скопје“ да се немоќни пред оние што не носат маски во автобусите?
Нема одговорност, ќе делам ордени и медали – одговори Заев на прашањето има ли вина за лошата проценка на состојбата
Караџовски: Се наполнија болниците, ја менаџираме ситуацијата...

Нема одговорност, ќе делам ордени и медали – одговори Заев на прашањето има ли вина за лошата проценка на состојбата

Не мислам дека треба и нема да понесам одговорност ни јас ниту ќе побарам од некој.

Вака одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на денешната прес конференција, за тоа дали ќе има одговорност од некој за лошата проценка на состојбата со ковид, која доведе до праст на бројот на заразени и на починати.

-Некој да направи харикири, да направи било што во поглед на тешкотијата и мачнотијата што ја имаме сите во душата? Што тоа што се случува кај нас, се случува и секаде во светот? Никој нема ни предрасуди ни резерви, овде сме да им служиме на граѓаните и ова пред се е чест и одговорност, посебно во вакви тешки околности, рече Заев.

Реклама

Тој гокоментираше и присуството на настани како камен –темелници за пазари и отворање на други објекти, додека бројките растеа, истакнувајќи дека тоа биле позитивни настани и позитивни вести во услови на колективна психолошка депресија која се манифестира и на индивидуално ниво, а не е во прилог на кампања за локалните избори.

Тој додаде дека има различни мислења со медиумите, но дека никогаш не се обидел да побара одговорност ниту да огранични некој да мисли различно од него.

Но на новинарско инсистирање, да каже дали сепак ќе има некаква одговорност за закаснети мерки, Заев рече дека апсолутно тука не гледа никаква одговорност, бидејќи со барањето за одговорност ситуацијата нема да се промени.

-Кажете каква одговорност ,нема проблем еве потенцирајте Заев да си поднесе оставка, Венко да си даде оставка, кој да си даде, доктор Илир, доктор Милена, доктор Лилјана од Струмица, кој?  Кажете ја слободно оставката ако ја барате оставката. Не е проблем оставката. Горчина е насекаде во душите. Нашиот здравствен персонал и сите здравствени експерти прават повеќе од тоа што е возможно и тоа што се очекувало од нив и апслутно нема потреба никој од здравстениот апсект да понесе никаков вид одговонрост. Тоа се нашите херои, сите, од министерот за здравство, заменикот, па до послендиот здравствен работник или администрација што помага на здравстевите работници во тој дел, рече Заев и најави дека се подготвува да додели ордени и медали за заслуги за сите овие лица.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Смее ли Градот и ЈСП „Скопје“ да се немоќни пред оние што не носат маски во автобусите?

Next Post

Караџовски: Се наполнија болниците, ја менаџираме ситуацијата...

Реклама