Горан Пандев и неговата репрезентативна фудбалска чета вечерва ќе ги одмери силите со репрезентативците на Германија. Со почеток од 20:45 часот во Дуизбург за првпат во својата историја селекцијата на Македонија ќе одигра меч против моќната селекција која има многу светски и европски трофеи.
Иако се свесни за силата на противникот, нашите репрезентативци најавуваат дека ќе дадат максимум и дека мора да веруваат во позитивно изненадување.
– Чест е што ќе играме против голем противник. Ние сме подготвени да го дадеме максимумот, иако ќе ни биде трет натпревар за седум дена. Тие се фаворити, тоа е јасно, но мораме да веруваме во себе и да веруваме дека може да ги изненадиме, истакна нашиот капитен Пандев.
Се очекува дека селекторот Ангеловски за вечерашниот натпревар ќе ги има на располагање сите повикани фудбалери.