Состојбата во болниците е многу сериозна, предупреди денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој утринава имал редовна координација со директорите на Клиниките на која разговарале за состојбата на хоспитализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терпиите…
-Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна. Затоа од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, напиша тој на Фејсбук.
Инаку, тој денеска изјави дека не се очекуваат нови превентивни мерки.
–Денес има состанок со Комисијата за заразни болести, но мислам дека нови рестриктивни мерки ќе нема, рече тој на прес-конференцијата пред поликлиниката „Јане Сандански“ каде почна вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината на „АстраЗенека“.