Поради новите мерки донесени од страна на владата, Комисијата за натпревари при ФФМ ги промен термините на натпреварите од домашните првенства кои треба да се играат во наредните две недели.
„Ве информирамe дека Комисијата за натпревари на ФФМ поради засилувањето на антиковид-мерките од страна на владата и воведување на полициски час на територијата на цела држава со почеток од 20:00-05:00 часот наутро одлучи сите натпревари во сениорска конкуренција од Прва МФЛ, Втора МФЛ Исток и Запад и Куп на Р.Македонија да започнуваат од 13:00 часот.
Одлуката стапува на сила веднаш“, стои во соопштението на ФФМ.