Dark Mode Light Mode

КК Гостивар ja раскина соработката со Марјан Србиноски

Кошаркарскиот клуб Гостивар денес ја раскина соработката со „својот“ гостиварец, Марјан Србиноски, по разочарувачката сезона во домашното првенство. Гостиварскиот клуб во услови кога Работнички и МЗТ Скопје имаат дополнителни обврски во АБА 2 лигата, не успеа да го преземе нивниот примат и да стане главен кандидат за трофејот во кампањата 2020/21. Напротив, гостиварците по 19 одиграни мечеви се наоѓаат на петтата позиција на табелата со 29 поени.

Поразот од вториот тим на МЗТ Скопје викендов беше „капката која ја прели чашата“ и челниците на тимот од „Младост“ решија да донесат промена во стручниот штаб.

-Чест и задоволство ни беше што изминатите години го имавме нашиот гостиварец Србиноски на клупата. Неговиот придонес вечно ќе остане врежан во историјата на клубот. На Марче му посакуваме големи успеси во понатамошниот тек на кариерата и животот со надеж дека некогаш во иднина повторно ќе ни се вкрстат патиштата, стоеше во соопштението на клубот.

Реклама

Србиноски на глупата на КК Гостивар седна во 2017-та година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сопственикот тврди дека галијата на Вардар се урива незаконски

Next Post

ФФМ: Поради новите мерки, натпреварите во ПМФЛ, ВМФЛ и Купот ќе започнуваат порано

Реклама