Акција за собирање на кабаст отпад се организира во скопската општина Кисела Вода.
-Од 29 март до 8 април граѓаните ќе имаат можност да закажат термини за бесплатно собирање кабаст отпад. Жителите на Општина Кисела Вода, во сите месни и урбани заедници, следниот месец, поточно од 5 до 23 април ќе имаат можност да одложуваат кабаст отпад, се наведува во соопштението на општината.
За собирање на кабастиот отпад, заинтересираните потребно ќе биде претходно да закажат термин на телефонскиот број 072/313 -331. Закажувањата ќе се вршат од 29 март до 8 април, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Граѓаните потребно ќе биде отпадот да го одложуваат пред нивните домови, на површини, на кои не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот.
Убава и корисна акција. Се надеваме дека потоа жителите на Кисела Вода малку поодговорно ќе се ослободуваат од кабастиот отпад.